Вкупно 32 пожари имаше на територијата на цела Македонија, од кои седум се и натаму активни, 1 локализиран, 1 под контрола и изгаснати 23. Пожарот во Чучер Сандево и натаму е активен, а од утрово се дејствува на него од воздух, согласно најавите на ЦУК и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во изминатите 24 часа, низ државата се евидентирани вкупно 32 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи.