Со целосна поддршка на советниците од СДСМ, Левица, ГРОМ, и Независни за Карпош, претседателот на Советот на општина Карпош, Бранко Ристов, денеска одржа прес – конференција на која ги информираше медиумите, за заедничкиот став на мнозинството советници во врска со неодамнешната одлука на Владата за одземање на спортската сала „Партизан“ која досега беше во владение на локалната самоуправа.„Како советници, а посебно јас како претседател на Советот на Општина Карпош чувствуваме обврска да ги информираме карпошани и целата македонска јавност, дека ги отфрламе причините за одземање на салата како и обвинувањата од страна на министерот за спорт кон Општина Карпош како невистинити и неосновани.
Министерството за спорт смета дека јавноста заслужува целосна и прецизна информација за вистинската состојба со спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во општина Карпош во Скопје.
Ја разбирам политичката безидејност и немањето никакви проекти и веројатно, паниката од изборите и соочувањето со народот, но не можам да ја разберам потребата од ширење лаги и невистини.