Почна изградбата на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на фудбалскиот клуб Шкупи во Чаир.
Министерство за животна средина и просторно планирање Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, заедно со заменичката министерка за спорт, Сафие Садики, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и пратеничката Фериде Хаџиу го претставија проектот за реконструкција и изградба на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи.