Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија од првиот ден предупредува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја држи земјата како заложник на други земји – наместо интеграција и напредок, во геополитичка изолација и опасна економска зависност.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, присуствува на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), порача дека на планираните билатерални средби со претставници на социјадемократските партии во Европа, ќе го пренесе ставот на СДСМ за извештајот на Европскиот Парламент за Северна Македонија.
Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче: „Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо кон интеграција и напредок, во геополитичка изолација и опасна економска зависност, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.