Libertas
„Деловникот во член 126 не вели дека ‘ако претседателот на Комисијата одбива да стави конкретен закон’, туку ‘ако претседателот на Комисијата не свика седница’. Со тоа што Илире Даути свика седница во рамки на роковите, не можам да свикам, Деловникот ми го одзема правото на интервенирам и да назначам друг пратеник да ја води седницата“, Според него во овие четири месеци биле увидени неколку недоречености поврзани со Деловникот за прашања кои, како што вели, планира да се решат преку Комисијата за деловнички прашања.
„Во овие четири месеци увидовме неколку недоречености како овој со Законот за бранители, како двојната функција на Талат Џафери, и уште неколку други прашања кои наскоро планирам да ги решиме преку Комисијата за деловнички прашања – тие да одлучуваат и да носат заклучоци за следната измена на собранискиот Деловник“, Според министерот за здравство, Арбен Таравари, кој како и Гаши доаѓа од коалицијата „Вреди“, која е дел од власта, предлог-измените на Законот за бранителите не е тема за која во моментот треба да се разговара. Libertas