Европската унија е целосно посветена на членството на Србија и Северна Македонија во Унијата и затоа поддржува проекти за прекугранична соработка, беше речено денеска во Врање на презентацијата на првиот повик за предлози за проекти за прекугранична соработка, во вредност од 5,4 милиони евра во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), на која присуствуваа министерот за локална самоуправа на Северна Македонија, Златко Перински, српската министерката за евроинтеграции, Тања Мишчевиќ, градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Емануел Жиофре, јави дописникот на МИА од Белград. Nezavisen
Во рамки на проектот, 1.400 лица од партнерските општини се едуцираа во насока на подигнување на еко свесноста, поставени се подземни контејнери за положување отпад, како и канти за одлагање отпад за домаќинствата, со што е подобрената услугата за граѓаните на партнерските општини и создадени се услови за намалување на ризикот по здравјето на луѓето.
Во рамки на посетата на Врање, министерот Перински со министерката Мишчевиќ го посетија и јавното претпријатие „Водовод“, кое реализира проект во чиј фокус е подобрување на капацитетите за управување со вонредни состојби во пограничниот регион, вклучително и подобрување на техничките и човечките ресурси во случаи на кризи, природни катастрофи и вонредни ситуации. Netpress
„Ниту министерот Перински, ниту јас, немаме никаква улога во одлучувањето.
За изборот на проектите ќе одлучува соодветна стручна комисија, која прави проценка на проектите, во однос на исполнување на критериумите и слично. Netpress
Ваквите проекти за прекугранична соработка имаат за цел да ги промовираат добрососедските односи и да работат на нивно подобрување, имаат за цел да ја промовираат европската интеграција, но најважна цел е да се подобри социјалниот и економскиот развој на терен, каде што тоа најдобро се гледа, рече Мишчевиќ.
Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре, рече дека вредностите на ЕУ се демократија, мир, слобода, посветеност на соработката, дијалог, просперитет и правда. Kanal5