Ова е уште една провокација од властите во Република Северна Македонија насочена кон уништување на добрососедските односи и на она што досега е постигнато.
Ова е денешниот коментар од поранешниот бугарски министер за надворешни работи и пратеник од партијата ГЕРБ, Даниел Митов, за изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски упатена кон бугарските власти во врска со непоставувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев. 360stepeni
Бугарското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека ги известиле партнерите за неиспровоцираните провокации од функционери на Северна Македонија, чија цел е да се наруши дијалогот.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги. A1on