Претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов побара оставка од македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, поради тоа што Николовски завчера Бугарите ги нарече „мизерни“, како и дека Бугарите и Македонците немаат ниту заедничка историја, ниту заеднички корени. Netpress
Очигледно, пријателските средби со овие луѓе (челниците на Македонија), дури и поврзани со операта, не треба да се одржуваат надвор од службеното место – каде што е снимено“, вели Борисов мислејќи на средбата меѓу Румен Радев и Гордана Сиљановска-Давкова минатата недела во Софија и острата реакција на Скопје поради немањето македонско знаме на средбата.
Борисов вели дека на лидерите во Македонија не им се јасни протоколарните работи и побара оставка од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Denesen