A1on
Да потсетам на почетоците на овој милениум бевме во група со Романија и Бугарија, за да излеземе од неа, потоа бевме во група со Хрватска, па излеговме, па во група со Србија и Црна Гора за да и таа група не претрка, еве сега и Албанија ќе не претрка, истакна Мицкоски.
На средбите во Брисел вели дека имале суштински разговори, изнеле сериозни аргументи и факти и се согласиле дека иднината на земјава е во европското семејство, како и дека како граѓани и како држава сме направиле многу на патот кон ЕУ. Во врска со барањето на поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов за оставка на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, поради изјавите во врска со непоставувањето на македонското знаме за време на неформалната средба на претседателите на двете држави, Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев, минатата недела во Софија, Мицкоски рече дека Николоски веќе дал одговор и оти тој нема што да додаде, но напомена оти како држава треба да го гледаме сопствениот интерес и да не влегувале во замката на нивната предизборна кампања. A1on