МОН ги повикува заинтересираните кандидати да ги погледнат конкурсните услови и да аплицираат доколку истите ги исполнуваат.
Потребните документи може да се достават на адреса или во писарницата на Министерството за образование и наука ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од втор циклус во земјата) или електронски на: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Рокот за аплицирање е 1 ноември 2024 година. Netpress
Од оваа година, за стипендиите за постдипломски студии ќе може да аплицираат и студенти кои имаат завршено прв циклус на студии во траење од три години, односно 180 ЕКТС.
Новото раководство на Министерството за образование и наука го прифати барањето на студентските организации за отстранување на ова ограничување од изминатите години. Nezavisen