Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
82.67
27.01
0.34/1.61
6.00
4.02
0.67
516.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 226.8
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 226.8
Denesen

Исто така на покана на министерот денеска сум овде во ОВР Кавадарци заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност да направиме еден увид на системот „Безбеден град“ којшто ќе напоменам, а тоа го споменаа моите претходни два соговорниците и градоначалникот и министерот за внатрешни работи е инвестиција на општината, но во периодот којшто следи треба да биде интегриран на оној поголем систем којшто планира МВР да го реализира.

Тоа е многу важно бидејќи ги гледате какви се бројките, степенот на криминалитет е драматично намален, тоа е нашата цел да спасиме што е можно повеќе човечки животи, еден човечки живот загубен е трајна загуба за семејството и за државата и затоа сме решени како Влада преку МВР овој проект да го истуркаме до крај, да се реализира на целата територија на Македонија бидејќи убедени сме дека ќе спасиме на тој начин многу човечки животи. Denesen

Republika

Поддршката од страна на владата е недвосмислена, таа е јасна и продолжуваме во таа насока.

Мора да има дисциплина, мора да има ред и мора да има владеење на законите, анархија, стихија, безредие не водат кон добро, водат кон лошо, а нашата цел за што ја добивме довербата на граѓаните пред повеќе од четири месеци е токму таа, да владее законот за сите подеднакво, да нема безредие, да нема хаос, да нема криминал или пак тоа да биде во рамките на многу минимална вредност, така што ете уште еднашка на крај ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот за исклучителната работа што ја прави овде во Општина Кавадарци да му посакам успешна работа на министерот во рамките на имплементирање на овој проект, на сите оние којшто ја подржуваат работата на директорот на БЈБ, на вработените овде во ОВР Кавадарци, во министерството, администрацијата во општината, советниците, пратениците овде од Кавадарци и само така да продолжиме и да покажеме дека не се сите исти, дека промени се возможни и дека промените од ден на ден доаѓаат, рече Мицкоски. Republika

Netpress

Јас нема да се повторувам со тоа што го кажа градоначалникот затоа што навистина се гледа еден исклучителен развој, реализација на капитални проекти, можам само да го изразам моето задоволство, да го охрабрам така да продолжи и да се заблагодарам за тоа што го прави тој заедно со администрацијата, советот, со пратениците во македонското Собрание за Кавадарци за кавадарчани.

Навистина ние како Влада стоиме на располагање се што е потребно да помогнеме и оваа навистина фантастична состојба во којашто градот се наоѓа денеска да ја направиме уште пофантастична, тоа е нашата цел како Влада и во рамките во таа цел е овој проект којшто преку Министерството за локална самоуправа има за цел да финансира капитални проекти во општините на целата територија на државата, Кавадарци спомена градоначалникот веќе аплицираше, разговаравме што би можеле да бидат проекти за следната година, бидејќи ова е само првиот дел до крајот на оваа година, до година ќе имаме повторно ваков јавен повик и убеден сум дека квалитетот на животот овде во Кавадарци, на кавадарчани ќе биде драматично подобар од оваа фантастична состојба во којашто сега се наоѓа. Netpress