Мора да има дисциплина, мора да има ред и мора да има владеење на законите, анархија, стихија, безредие не водат кон добро, водат кон лошо, а нашата цел за што ја добивме довербата на граѓаните пред повеќе од четири месеци е токму таа, да владее законот за сите подеднакво, да нема безредие, да нема хаос, да нема криминал или пак тоа да биде во рамките на многу минимална вредност, така што ете уште еднашка на крај ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот за исклучителната работа што ја прави овде во Општина Кавадарци да му посакам успешна работа на министерот во рамките на имплементирање на овој проект, на сите оние којшто ја подржуваат работата на директорот на БЈБ, на вработените овде во ОВР Кавадарци, во министерството, администрацијата во општината, советниците, пратениците овде од Кавадарци и само така да продолжиме и да покажеме дека не се сите исти, дека промени се возможни и дека промените од ден на ден доаѓаат, истакна премиерот Мицкоски. Kanal5