Муцунски, кој е во работна посета на Соединетите Американски Држави и дел од македонската делегација на 79. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во разговорот за телевизијата гостувал заедно со американскиот дипломат Ричард Гренел.
Фокусот на разговорот, како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бил ставен на актуелниот геополитички контекст и перспективата на земјава во рамките на светските случувања. 360stepeni
Ние секогаш ќе бидеме на линија со надворешната политика на САД, бидејќи сметаме дека е вистинската надворешна политика што обезбедува мир во светот и за зачувување на светскиот поредок.
Мораме да најдеме мир и ги сметаме САД за клучна нација во постигнувањето на мирот – истакна Муцунски во разговорот. Slobodenpecat
Дискусиите се фокусираа на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на клучните области како што се регионалната безбедност, економскиот развој, доброто владеење и демократијата.
Министерот Муцунски ја истакна посветеноста на земјава за забрзан напредок во евроинтегративните процеси и ја истакна важноста од континуираната поддршка на САД за аспирациите на земјата. Nezavisen
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк. Netpress