ЕК очекува старт на преговорите по кластери со Македонија штом таа ги исполни договорените релевантни критериуми Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Македонија, изјави портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро во однос на одлуката на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја. Kanal5
Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.
Европскиот совет ја повика Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени – изјави Писонеро, додавајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија. Plusinfo
Европскиот совет ја повика Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени, изјави Писонеро, додавајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија.
Како што потврди денеска унгарското претседателство со Советот на ЕУ за МИА, КОРЕПЕР донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“. A1on
Како што потврди денеска унгарското претседателство со Советот на ЕУ за МИА, КОРЕПЕР донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“.
Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ – изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов. Novamakedonija