Претседателот на Алеанса за Албанците и министерот за здравство Арбен Таравари учествуваше на состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност 2024 година во Генералното собрание на Обединетите нации. Fokus
Таравари ја нагласи важноста на мултисекторскиот пристап наречен „Едно здравје“ кој го вклучува здравјето на луѓето, животните и животната средина.
Министерот Таравари во оваа прилика повика на глобална соработка за борба против антимикробната отпорност за заштита на здравјето на идните генерации. Plusinfo
Претседателот на Алианса за Албанците и министерот за здравство Арбен Таравари учествуваше на состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност 2024 година во Генералното собрание на Обединетите нации.
Во својот говор на 79-та сесија пред Генералното собрание на ОН, министерот Таравари ја истакна посветеноста на Северна Македонија во борбата против глобалната закана од антимикробна отпорност како важен предизвик за јавното здравје и одржливоста на здравствениот систем по пандемијата COVID-19. Таравари ја потврди заложбата за почитување на Резолуцијата 71/3 на ОН и имплементацијата на патоказот на СЗО за периодот 2023-2030 година, споменувајќи неколку достигнувања на Северна Македонија како што се надзорот на РАМ, подигањето на свеста за употребата на антибиотици и зајакнувањето на лабораториските капацитети, нагласувајќи ја важноста на мултисекторскиот пристап наречен „Едно здравје“ кој го вклучува здравјето на луѓето, животните и животната средина. Netpress