Проектот го спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија (како земја корисник) и Центарот за меѓународно и европско економско право (CIEEL), Република Грција (како земја-членка партнер). Во рамки на проектот се работи на зајакнување на националните и локалните административни капацитети во областа на индустриското загадување и тоа преку подобрување на интегрираните еколошки дозволи, кои треба да содржат услови поставени во согласност со начелата и одредбите на Директивата за индустриски емисии и Заклучоците за најдобрите достапни техники. Mk