„Морам да бидам искрен, не дека има некоја голема надеж од страна на институциите во Брисел дека таков предлог би поминал, меѓутоа не се отфрла анблок”, вели Муртезани.
Освен за посетата на Брисел, со министерот за европски прашања разговараме за резултатите во неговиот ресор во првите сто дена од мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, одлуката на ЕУ да ги раздели Северна Македонија и Албанија во пристапниот процес, посетата на унгарската владина делегација предводена од премиерот Виктор Орбан во Охрид… Муртезани го прашуваме и дали во „Вреди“ се согласуваат со фрлањето во прегратките на Орбан, а тема се и Планот за раст на ЕУ, реформската агенда поврзана со Планот, односите во владејачката коалиција, можноста да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните следната година, поддршката од ДУИ за двотретинските закони…. 360stepeni