Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
56.16
25.60
0.65/1.46
8.00
4.66
0.58
525.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 264.0
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 264.0
Netpress

Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се случи како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании – изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија кој присуствуваше и на почетокот на активностите на терен.

До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури. Netpress