Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
13
106.46
35.93
1.13/3.02
13.00
8.49
0.65
903.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 13
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 697.5
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 697.5
A1on

Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, кој присуствуваше на почетокот на активностите на терен.

Од АД ЕСМ известуваат дека до целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. – Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури, велат од АД ЕСМ. A1on