Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер, во 21 часот и 28 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML3,2. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Kajgana
Вечерва во 21.28 часот регистриран е земјотрес во Македонија со јачина од 3,3 степени според Рихтер. Plusinfo
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML од 3.2 степени е регистриран вечерва во 21 часот и 28 минути, во епицентралното подрачје Делчево-Берово – соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Novamakedonija
Вечерва во 21.28 часот регистриран е земјотрес во Македонија со јачина од 3,3 степени според Рихтер.
Епицентарот е на 13 километри северно од Берово, со длабочина од 12 километри. Faktor