Сметам дека 10.000 работници кои примаат плата од 1 денар до 22.567 денари е кривично дело да го прават тоа работодавачите и сметаме дека доколку за да покриете една минимална синдикална кошничка ви се потребни веќе три минимални плати, дека аргументите наши се издржани и дека делот за храна и пијалоци, кој е веќе дваедет и две-три илјади денари – една минимална плата не покрива ниту хрна, леб и вода, рече Трендафилов пред почетокот на конференција на тема “Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици”. Тој наскоро очекува да се одржи седница не Економскиот социјален совет, а ССМ понатану ќе даде поддршка на сите синдикати во нивната борба за повисоки плати во секторите каде ги застапуваат работниците, а минималната плата е нешто што треба да се случи во најскоро време. Nezavisen