Инаку, Лорета Ѓорѓиева е блиска другарка на господинот Зоран Заев, оној познатиот реформатор кој отвораше судство како пупки, а нејзиниот сопруг е долгогодишен директор во комуналец Струмица и не само тоа, туку и долгогодишен соработник за одредени би рекол изборни нерегуларности во Струмица.“, појасни Милошоски.
Милошоски дополни дека стопанственик од Штип во 2022година, го пријавува судијата Наќе Ѓорѓиев за нестручно и несовесно работење, барање на поткуп и селективно вршење на изземање на судии за одредени фирми. Mk
Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците изјави дека изборот на Наќе Ѓорѓиев за врховен судија, не бил „избран“ на седница на судскиот совет, туку надвор од него, од страна на раководството на претходната Влада. Fokus