Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината. Press24
Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии. Press24
Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Republika
Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии.
Таа во Тема на денот на Сител, од Будимпешта повтори дека станува збор за кредит од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 проценти, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Nezavisen