Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии.
Таа во Тема на денот на Сител, од Будимпешта повтори дека станува збор за кредит од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 проценти, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Denesen
Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт - импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината. Press24
Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка, што денеска во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии. Novamakedonija
Потпишувњето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.
Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата. Mk