Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Netpress
Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања и целосно да се дебилатеризира, посочувајќи на опасноста од зголемување на евроскептицизмот поради актуелниот ќор-сокак во кој се наоѓа процесот.
Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата Европската Унија да ја потврди својата јасна посветеност на регионот, како што беше направено на Самитот во Солун во 2003 година, а процесот на интеграција да се базира на исполнување на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во унијата. Plusinfo