Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога преку зголемување на соработката, размена на знаења и искуства, заеднички обуки, како и размена на разузнавачки информации во реално време, рекол Николовски истакнувајќи дека Царинската управа оди чекор напред при што имплементира системи со високо интелигентни аналитички функции, а како дел од определбата и цврстата решеност за побрза интеграција кон единствениот пазар на ЕУ. Во рамки на настанот учесниците размениле искуства во делот на утврдување на процена на ризик и користење на интелигентни системи за сузбивање на криминалот. Fokus