Немам информации за средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Будимпешта, но сум подготвен да седнам и да разговарам, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали на 7 ноември на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта ќе се сретне со Радев.
Претходно, повикувајќи се на високо упатени политички кругови во Унгарија, Рацин. мк објави дека добиле информации дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе го искористи Самитот на Европската политичка заедница којшто на 7 ноември оваа година ќе се одржи во Будимпешта за да ги седне на заедничка маса македонскиот премиер Христијан Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев, или, пак, новиот премиер доколку до тогаш заврши процесот за избор на нова влада во Бугарија од изборите закажани за 27 октомври. Libertas
Претходно, повикувајќи се на високо упатени политички кругови во Унгарија, Рацин.мк објави дека добиле информации дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе го искористи Самитот на Европската политичка заедница којшто на 7 ноември оваа година ќе се одржи во Будимпешта за да ги седне на заедничка маса македонскиот премиер Христијан Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев, или, пак, новиот премиер доколку до тогаш заврши процесот за избор на нова влада во Бугарија од изборите закажани за 27 октомври.
Јас немам таква информација, ниту знам за таква средба, но доколку постои иницијатива за таква средба и на 7 ноември и на 17 октомври и на 27 октомври, јас сум подготвен да седнам и да разговарам. Netpress
Да седнеме, да разговараме, да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и ќе гарантира Копенхагеншки критериуми, ќе гарантира права и успех во процесот на преговори.
Но, доколку дојде таква иницијатива од Орбан на 7 ноември, кога Унгарија е домаќин на состанок на Европската политичка заедница јас сум подготвен да седнеме, но да разговараме врз основа на аргументи а не на диктат. 360stepeni
Уставни измени со одложено дејство е предлогот кој Мицкоски утре во Берлин ќе го дебатира со европските лидери по што најави дека со писмо ќе ја информира Европа за македонските позиции.
На 7 ноември Мицкоски патува во Будимпешта на состанокот на Европската политичка заедница каде ќе биде на иста маса со бугарскиот Претседател Радев но и унгарскиот премиер Орбан кој уште минатиот месец се понуди да биде посредувач во спорот меѓу двете земји. Sitel