Оваа година, истражувањето беше спроведено во пет општини и резултатите ќе ги водат нашите идни напори за подобрување на квалитетот на воздухот“, изјави Григорјан.
Во резултатите добиени врз основа на едногодишен мониторинг и анализа на повеќе од 1000 примероци во сите пет општини, со својот интензитет како најголем извор се издвојува согорувањето на биомасата (дрва) за греење, следено од сообраќајот и минералната прашина, кои имаат значително поголем удел во текот на летните месеци. Fokus
Користењето огревно дрво, минералната прашина која се создава при гардежни активности и сообраќајот се меѓу главните фактори на аерозагадувањето, покажуваат резултатите од истражувањето кое е дел од проектот за справување со аерозагадувањето во пет општини во внатрешноста на државата во кое беа вклучени општините Струмица, Струга, Кавадарци, Куманово и Гостивар. Republika
Сепак, согорувањето на дрва, но и отпадни материи во релативно неефикасните и стари печки/котли во текот на зимските месеци, е веројатно главниот извор кој може да се поврзе со појавата на епизодите на екстремно загадување, се наведува во истражувањето.
Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Novamakedonija