Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
50.53
18.64
0.07/0.82
4.00
2.40
0.60
337.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 171.1
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 171.1
Nezavisen

Една од овие санации кои можеме да ги предложиме е токму ова, а тоа е ограничување на износот за изнајмување на кириите, рече тогаш Мециновиќ.

Со новото законско решение се предвидува глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност да му се изрече за прекршок на сопственик на стан или деловен простор во станбена зграда, односно закупец, ако: редовно не го одржува станот, односно не се грижи за одржувањето на станбената зграда, согласно со членот 11 став (4) на овој закон; не го спроведува донесениот план за одржување (член 12 став (6)); редовно и навремено не ги плаќа надоместоците за одржување или другите видови надоместоци (член 28); не даде овластување на друго лице (член 60 став (3)); месечно не го плаќа својот дел од трошоците за управување и во резервниот фонд (член 62 став (1)); издаде или користи стан или дел од стан во закуп или подзакуп без склучен договор за закуп согласно со членот 66 ставови (1), (2) и (3) на овој закон; постапи спротивно на членот 66 став (4) од овој закон; не достави примерок од договорот за закуп до органот на управата надлежен за работите на јавните приходи и до надлежната служба на општината (член 70 став (4)) и на барање на општината не ги достави податоците од членот 113 став (1) на овој закон. Nezavisen