На Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата, УНИЦЕФ повикува да се зголеми опфатот со парична помош за деца и преку повеќесекторски одговор до 2030 година да се намали за половина детската сиромаштија, пренесува МИА.
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје укажува на податоците што ги објави Државниот завод за статистика овој месец, според кои над 120 000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. Civilmedia