На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговарало за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, информираат од Министерството за одбрана. Sitel
Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности – истакнал министерот Мисајловски.
На маргините на состанокот, денеска заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија министерот Мисајловски потпишал Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8, по изразената намера на сојузничка Романија да се вклучи во оваа Иницијатива, која е од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата. Novamakedonija
Министерот за одбрана – Владо Мисајловски потенцираше дека прагот за Буџетот за одбраната да биде минимум 2% од БДП е приоритет.
Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите. Fokus
Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите.
„Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Skopjeinfo
Едно од главните прашања за кои се разговараше на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што вчера и денеска се одржа во Брисел, беа одбранбените трошоци, изјави за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски по завршувањето на средбата. Alsat