Едно од главните прашања за кои се разговараше на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што вчера и денеска се одржа во Брисел, беа одбранбените трошоци, изјави за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски по завршувањето на средбата. Netpress
На претстојните состаноци ќе разговараме за зајакнување на отпорноста и одбраната на Евроатлантската област, Средниот исток, за операциите на НАТО, -како и за поддршката за Украина.
Остануваме силно посветени на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и на вредностите во кои веруваме. Denesen
Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, истакнал министерот Мисајловски.
На маргините на состанокот, денеска заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија министерот Мисајловски потпишал Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8, по изразената намера на сојузничка Романија да се вклучи во оваа Иницијатива, која е од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата. Republika
На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговарало за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, информираат од Министерството за одбрана. Novamakedonija
Министерот за одбрана Владо Мисајловски потенцираше дека прагот за Буџетот за одбраната да биде минимум 2% од БДП е приоритет.
Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите. Skopjeinfo