Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и препорачуваат да се избегнува контакт со болни или мртви животни, и со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Nezavisen
Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.
Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици. Biznisvesti