Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година. Novamakedonija
Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето на приемот и издавањето на лековите од аптека до организационите единици се врши со задоцнување.
Исто така, не се внесуваат податоци за вредноста на лековите примени преку донации, што влијае на целосноста на податоците во Билансот на состојба, соопшти ДЗР. Kanal5
Во текот на 2024 година Министерството спровело постапка за јавна набавка со која било предвидено да се набават сите неопходни делови за да се стави системот во употреба, но истата е поништена бидејќи не била поднесена ниту една прифатлива понуда.
Во оваа насока ревизорите препорачуваат Клиниката во координација со Министерството и Фондот да направат комплетна анализа на капацитетите и можностите, медицинските и економските ефекти, со цел изнаоѓање најоптимално решение за иднината на системот и подобрување на услугите за пациентите. Fokus
Во оваа насока ревизорите препорачуваат Клиниката во координација со Министерството и Фондот да направат комплетна анализа на капацитетите и можностите, медицинските и економските ефекти, со цел изнаоѓање најоптимално решение за иднината на системот и подобрување на услугите за пациентите.
Покрај наведените состојби од страна на ревизорите е идентификувано и клучно ревизорско прашање кое влијае на вршењето на дејноста на Клиниката а кое се однесува на централизираното давање на здравствени услуги во областа на радиотерапијата и онкологијата. Fokus
Во рамките на Клиниката постои Единица за централна подготовка на цитостатска терапија, опремена со КАТО софтверска лиценца, но системот не е во функција од времето на неговата набавка во 2013 година, чија набавна вредност изнесува околу 10 милиони денари, се наведува во извештајот.
Во 2023 година, одговорните лица ги разгледале можностите за активирање на системот и го информирале Министерството за здравство за неколку клучни проблеми. Fokus