Со високи претставници на Групацијата на Светска банка ќе стане збор за продолжување на конитуираната соработка и поддршката што ја добива земјата во изминатите години.
Средби се планирани со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат, како и директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју. За време на престојот предвидени се средби на министерката и со Алфонсо Гарсија Мора, регионален заменик-претседател во Меѓунардоната финансиска корпорација – ИФЦ, со претставници на Трезорот на САД, на која ќе се потврди поддршката што ја добива Министерството за финансии во реализација на своите програмски определби, како и со претставници на финансиски институции со кои земјава има соработка во процесот на издавање еврообврзници. Republika
Министерката Димитриеска-Кочоска за време на работниот престој во Вашингтон ќе има средба со македонската дијаспора во САД, на која ќе има можност да поразговара за начинот на кој тие живеат и делуваат во американското општество, како и политиките кои ги спроведува новата Влада коишто се во насока на зајакнување на врските со иселениците.
На годинашните редовни средби, на кои министерката за финансии учествува заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, ќе се дискутира за светската економска перспектива, глобалната финансиска стабилност, стимулирање на економскиот раст, влијанието на климатските промени, како и со економските предизвици. Kanal5
Средби се планирани со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат, како и директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју. За време на престојот предвидени се средби на министерката и со Алфонсо Гарсија Мора, регионален заменик-претседател во Меѓунардоната финансиска корпорација – ИФЦ, со претставници на Трезорот на САД ,на која ќе се потврди поддршката што ја добива Министерството за финансии во реализација на своите програмски определби, како и со претставници на финансиски институции со кои земјава има соработка во процесот на издавање еврообврзници.
Министерката Димитриеска-Кочоска за време на работниот престој во Вашингтон ќе реализира средба со македонската дијаспора во САД, на која ќе има можност да поразговара за начинот на кој тие живеат и делуваат во американското општество, како и политиките кои ги спроведува новата Влада коишто се во насока на зајакнување на врските со иселениците. Nezavisen