Доктор Каролина Симоновска – директор и стручен колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата, Козле во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе вели дека „формирала стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај и не нашла никаков лекарски стручен пропуст“.
Таа вели „сакам повторно да нагласам дека како директор на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле веднаш формирав стручна комисија на клиниката која го разгледа целиот случај и не најде никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот. Mk