Сметам дека можеби е време да дојде до одредено освежување во Комисијата за помилување, изјави денеска министерот за правда Игор Филков, одговарајќи на новинарски прашања во контекст на последната одлука за помилување на осуденици од страна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, кои деновиве предизвикаа лавина реакции кај политичката и општата јавност.
Прашан за став околу последните одлуки за помилувањата, а во контекст на ресорот што го води, Филков вели оти Министерството за правда не помилува, туку едиствено дава препорака за намалување на казната на осуденикот од еден до шест месеци, а таа потоа оди кај претседателката на државата, односно кај Комисијата за помилување. 360stepeni
Потоа, како што рече, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата.
Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување. Fokus