Политиката на 'обвинување без докази' е краткорочна стратегија што само го разочарува народот и ја поларизира јавноста.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека за ДУИ ветингот е ставот, но позади завесата е тефтерчето од Мала Речица од каде доаѓаат одлуките, при што потенцираше дека започнуваат реформите во судството и обвинителството и тие конечно ќе бидат ослободени.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме.
Демократската унија за интеграција цени дека премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи, продолжува да клевети и да создава непостоечки ситуации кои служаат за моментален дефокус за да се извади од срамните секојдневни ситуации.