Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“.