Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија сериозна загриженост поради, како што нагласуваат, последното прекршување на основните права на новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. Plusinfo
Нема да дозволиме овој наш заеднички ангажман да падне во сенка на неодговорно однесување на поединци.
Заедно сме посилни во одбрана на слободата на изразување како највисоко демократско право! A1on
Сакам јавноста да знае дека приоритет на јавното обвинителство е заштитата на јавниот интерес и правата и слободите на граѓаните и затоа јас како државен обвинител ниту одобрувам, ниту толерирам притисоци и закани, без оглед од кого и да доаѓаат и сум одлучен да ги преземам сите законски мерки со кои моите вербални заложби ќе се покажат на дело.
Во изминатиот период Јавното обвинителство вложи огромна енергија во јакнење на транспарентноста и во активностите за промоција на безбедноста на новинарите и слободата на изразување. A1on