Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, присуствуваше на манифестацијата „Празијада“ во селото Градошорци, кое е најголем производител на праз во државата Како што стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски истакнал дека земјава изобилува со квалитетни земјоделски производи, поради доволниот број на сончеви денови, богатата почва и чистата вода.
Манифестацијата „Празијада“ е доказ дека Македонија изобилува со квалитетни земјоделски производи, бидејќи ова парче земја ни нуди доволно сончеви денови, богата почва и чиста вода за да произведуваме.