Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска иницирал вонредна седница на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице – градежен инспектор сторила кривичнo делo – Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска во 13.30 часот постапи по наредба од ОЈО Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ од член 357, при што во Куманово е лишена од слобода Л.Т., овластен градежен инспектор при општина Куманово, која била затекната како прима поткуп од 4.000 евра.