Оградување на депонијата „Дрисла“, изработка на пречистителна станица и изготвување техничка спецификација за набавка на инсенератор за уништување медицински отпад, биле тема на разговор на денешниот состанок во претпријатието во Скопје.
Присутни на состанокот беа и првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, како и в.д. директорот на Јавното претпријатие - депонија „Дрисла“, Ненад Јосевски. Kanal5