На денешната прес-конференција на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) што се одржа во Клубот на новинари се дискутираше за заштитата на новинарите и казнивоста на заканите и нападите врз нив.
Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, истакна дека оваа година се регистрирани четири посериозни прекршувања на правата на новинарите, заедно со бројни онлајн закани и осум слеп тужби. Fokus
Во Северна Македонија, како и во многу други земји, овој ден е можност да се алармира дека неказнивоста на насилствата продуцира нови напади и ги охрабрува насилниците, а кај новинарите и медиумските работници предизвикува страв дека ќе бидат мета на закани, цензура и автоцензура“, Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите , 2-ри ноември, е признаен од страна на Обединетите нации.
Овој ден се одбележува за да се сврти вниманието на прашањето за неказнивост, што се однесува на неизведувањето пред лицето на правдата на сторителите на кривични дела против новинарите и медиумските работници. Libertas
Итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство.
Итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство, реформи во регулативата за слеп тужбите и сериозен одговор од МВР и ОЈО на вербалното насилство што се случува сѐ почесто преку онлајн платформите се барањата на Здружението на новинарите на Македонија по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите – 2 ноември. Kanal5