Со цел олеснување и поефикасно доделување на ваучерите на граѓаните, процесот на дистрибуција оваа година е организиран со поголема флексибилност и достапност“, посочуваат од министерството и додаваат: „Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги извести добитниците на вредносните ваучери преку средствата за јавно информирање, веб страната на Министерството и преку СМС порака дека доделувањето на ваучерите ќе се одвива по следниов распоред: Скопје – СЦ Борис Трајковски од 9 до 17 часот во четврток, 7.10.2024 Битола – Спортска сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот во четврток, 7.10.2024 За останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.