„Повеќе пати го имам објаснето значењето на ’Сејф сити’ како проект, кои се бенефитите што треба да ги имаме од имплементација на истиот и многу пати сум кажал колку што би можело порано да се имплементира овој проект толку би било подобро за сите нас особено имајќи предвид дека жртви на сообраќајни незгоди на годишно ниво во Македонија имаме со троцифрен број и тоа е страшно“, Според Тошковски, брзините што биле „уловени“ при тестирањето на камерите покажуваат дека се уриваат рекорди и оти тоа е резултат на немање систем со кој ќе се казнува.