Почитувани, Во врска со вашето Барање испратено до Совет на Град Скопје на 5. Ноември оваа година, со цел, како што наведувате „да се најде решение со кое ќе се подобри состојбата во јавниот градски превоз“, ве известуваме за следново: 1. Факт е дека вие имате важечки договори за вршење дејност, склучени со Град Скопје во Мај 2022 година, откако сте биле избрани за вршители на дејност според определена процедура која ја спроведе Град Скопје.