Не се утврдени пропусти при лекувањето на бебето старо осум дена кое почина на Детската клинка, а било донесено од Струмица, ова го утврдил вонредниот инспекциски надзор на Државниот и здравствен инспекторат Бебето било родено во струмичката болница, и пуштено дома во добра здравствена состојба, по осум дена родителите го донеле во болницата во струмица во фебрилна состојба, според тамошните доктори, пружена му била нега но по неколку дена поради неговата состојба со медицински транспорт било препратено на Детската клиника во Скопје, каде во петокот минатата недела почина Од Здравствениот инспекторат велат дека вонреден надзор бил направен и во Детската клиника и во струмичката болница, но и кај матичниот гинеколог на мајката.