Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески одговори на барањата на приватните превозници, кои и натаму протестираат и бараат наоѓање на решение за нивните барања до Град Скопје.
Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.
Трајко Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, реагираат од Град Скопје, откако претседателот на Советот одговори на барањата на приватните превозници и кажа дека разговори може да бидат иницирани само од градоначалничката Данела Арсовска.