Претседателката на Врховниот суд на Република Македонија, Беса Адеми, ја истакнува потребата од доследно почитување и применување на акредитациите за медиумите одобрени од страна на претседателот на Врховниот суд, како и на препораките за снимање и фотографирање во судница усвоени и објавени од Врховниот суд на Република Македонија и Судско-медиумскиот совет. Netpress
Откако судијката од основниот битолски суд Цветанка Никодиновска не им дозволи на новинарските екипи да направат инсерти и фотографии на судењето против поранешениот претседател на згаснатото бугарско здружение „Ванчо Михајлов“ а им беа и одземени телефоните неопходни за работа, реагираше претседатлеката на Врховниот суд Беса Адеми од каде новинарите добиваат уредни акредитации за снимање во судница -Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија ја истакнува потребата од доследно почитување и применување на акредитациите за медиумите одобрени од страна на претседателот на Врховниот суд, како и на препораките за снимање и фотографирање во судница усвоени и објавени од Врховниот суд на Република Северна Македонија и Судско-медиумскиот совет.
Во согласност со позитивните прописи, заложбите за отворено судство и начелата на транспарентност и отчетност, клучната цел на акредитациите и препораките, е да се заштити јавниот интерес, континуирано да се зајакнува угледот на судството и воедно да се истакне демократската улога на медиумите во општеството. Telma
Работата на судовите и медиумите, како и работата на судиите и новинарите имаат заеднички именител, а тоа е вршење на професијата во интерес на граѓаните.
Оттука, секое отстапување од овие вредности, не е во насока на заштита на заложбите за јакнење на јавната доверба и заштита на јавниот интерес во името на граѓаните. Sitel